Англискиот вицепрвак Арсенал веќе некое време работеше на трансфер деталите со Болоња за потписот на Рикардо Калафиори.
Овој млад и перспективен дефанзивец веќе одамна има договор со Арсенал за соработка до 2029 година. Според Фабрицио Романо, „испеглани“ се деталите меѓу Арсенал и Болоња. „Топџиите“ ќе платат 40 милиони за трансферот, плус пет низ бонуси, а ќе има и одредена клаузула за процент при следен трансфер.
Останува да се договори начинот на делба на парите меѓу Болоња и Базел, бидејќи двата клуба ќе имаат по 50% од вкупната сума.
Инаку, Рикардо Калафиори минатата сезона беше еден од најдобрите млади дефанзивци во калчото. Тој беше еден од лидерите на Болоња во историскиот поход кон Лигата на шампионите, а одигра зрело и на своето дебитантско големо натпреварување за Италија.