Падна договор: Матиас Суле пред потпис со Рома!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Рома договори добра зделка и се очекува во следните денови да го официјализира потписот со Матиас Суле.

Младиот фудбалер на Јувентус кој минатата сезона играше како позајмен Фросиноне и тоа во одлична форма, ќе ја продолжи кариерата во Рим. За услугите на Аргентинецот римскиот клуб ќе плати 26 милиони евра, плус уште можни четири низ разни бонуси.

Исто така, Јувентус ќе има и клаузула за 10% од потенцијална следна продажба на Суле. Што се однесува до фудбалерот, тој ќе стави потпис на петгодишен договор со Рома. Се очекува во следните денови аргентинскиот офанзивец да слета во Рим за официјалната презентација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани