180
Комо успеа да донесе уште една фудбалска ѕвезда, овојпат во дефанзивата, тоа е Рафаел Варан кој во италијанскиот тим пристигнува како слободен играч.
Сеск Фабрегас успеа да убеди уште едно силно засилување за неговиот тим, Рафаел Варан во текот на оваа недела ќе потпише двегодишен договор со Комо со можност за продолжување на уште една.
Разговорите меѓу Варан и Фабрегас трае неколку недели, на крајот францускиот дефанзивец одлучи да се приклучи на проектот на новиот клуб од Серија А.
Следна желба на Фабрегас е да го донесе Артур Мело. Тој е фудбалер на Јувентус, но беше пратен на позајмица во Фиорентина каде имаше одлична сезона.