104
Екипата на Охрид преку социјалните мрежи информираше дека тренерот Никола Илиевски – Џиџи повеќе нема да ја води екипата.
„После вчерашниот натпревар против екипата на Башкими доскорашниот тренер Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка која што беше прифатена од раководството на ГФК Охрид. Му се заблагодаруваме за напорната работа и досегашната соработка, среќно во понатамошната кариера“, објави Охрид на социјалните мрежи.
Од почетокот на сезоната Охрид во четири кола освои само еден бод и се наоѓа на последното место.