Француската ѕвезда Килиан Мбапе доби скршеница на носот за време на натпреварот од првото коло на Европското првенство против Австрија кој неговата селекција го доби со 0-1. Поради тоа, се очекува Мбапе да го пропушти натпреварот со Холандија, а веќе од третото коло против Полска да игра со заштитна маска за носот.
Француските навивачи се загрижени за својата ѕвезда, а охрабрувачка порака пристигна од репрезентативниот табор. Стоперот Вилиам Салиба зборуваше за состојбата на Мбапе и кажа:
„Го видов утрово, беше малку подобар. Мислам дека замина на уште тестови. Не знам ништо повеќе. Сепак, кога го видов утровот – делуваше дека Мбапе е подобар“.
Натпреварот од второто коло на континенталниот собир Франција го игра во петок во 21:00 против Холандија.