168
Штутгарт го потврди трансферот на Дениз Ундав од Брајтон за преку 30 милиони евра што е клупски рекорд.
Ундав минатата сезона играше за Штутгарт како позајмен фудбалер од Брајтон. На 30 натпревари тој даде 18 голови.
Негова единствена желба беше да потпише перманентен договор со Штутгарт, истото го сакаше и германскиот клуб, па не штедеше пари за да го донесе.