Челси соопшти дека Маурисио Покетино веќе не е тренер на сините, клубот е во потрага по нов тренер за следната сезона.
И покрај тоа што имаше одлична серија во финишот од сезоната, Покетино не успеа да се задржи на тренерското столче на Челси.
„Челси може да потврди дека клубот и Маурисио Покетино се договорија меѓусебно да се разделат“, стои во соопштението на Челси.
Покетино се заблагодари на шансата да биде тренер на Челси.
„Благодарам на сопствениците на Челси и спортските директори за можноста да бидам дел од историјата на клубот. Клубот е добро позициониран да продолжи да се движи напред во Премиерлигата и Европа во годините кои доаѓаат“, вели Покетино.
Се шпекулира дека Челси сака да назначи млад тренер за негов наследник, што значи дека отпаѓаат од комбинација Мурињо, Конте и Алегри.