Официјално: Српскиот голман наредната сезона ќе брани во Мадрид

by Стефан
1 минути читање

Српскиот голман Марко Димитровиќ ја напушти Севиља, но ќе остане во шпанската елита.

Димитровиќ се сели во Мадрид во тимот на Леганес со кој потпиша договор на една година.

Тој во редовите на повратникот во Ла Лига се придружува на неговиот сонародник, Дарко Брашанац.

Голот на Севиља, Димитровиќ го чуваше од 2021 година, а во 2023 година успеа да ја освои Лигата на Европа со овој тим.

Во Шпанија пристигна во 2015 година, прво во Алкорон, додека потоа го носеше дресот на Еибар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани