343
Екипата на Порто ќе бара нов тренер за следната сезона, откако по седум години се раздели со Серџо Консеисао.
Тренерот од Португалија не е во најдобри односи со новиот претседател на клубот Андре Виљаш Боаш и делуваше дека разделбата е неминовна. Консеисао со Порто освои вкупно 11 трофеи низ годините, трипати беше првак на Португалија и имаше запазени резултати во Лигата на шампионите.
Се очекува Консеисао кариерата да ја продолжи на клупата на Олимпик Марсеј, клуб со кој е во преговори во изминатиот период. Тој се споменуваше и како потенцијален наследник на Пиоли во Милан, но „росонерите“ се решија за друга опција во Фонсека.