119
Ромелу Лукаку и официјално е нов фудбалер на Наполи, откако се заврши долгата сага околу неговиот трансфер од Челси.
Белгиецот стави потпис на тригодишен договор, а клубот од Неапол за неговите услуги на „сините“ ќе им плати 30 милиони евра, плус одредени бонуси. Цело лето беше јасно дека приоритетот за Наполи е да го доведе Лукаку во своите редови.
Антонио Конте имаше јасна желба, а тоа беше обединување со белгискиот напаѓач со кој соработуваше во Интер. Исто размислување имаше и Лукаку, па лесно се пронајде заеднички јазик. Работата ја кочеше Наполи, односно неможноста да го продаде Виктор Осимен.