149
Иако најавите се појавија како изненадување на крајот, Ентони Марсијал и го комплетираше трансферот во грчки АЕК.
Марсијал кој беше без клуб во иднина ќе го носи дресот на АЕК каде што пристигнува како слободен играч.
Деталите од трансферот клубот не ги откри, но медиумите пишуваат дека тој ќе биде најплатениот играч во историјата на клубот. Наводно, Французинот ќе добие договор на три години со плата од три милиони евра по сезона.
Преговараше Марсијал и со бразилски Фламенго, меѓутоа на крајот се одлучи да игра во Грција.