Официјално: Пикси не добива отказ

by Стефан
1 минути читање

Се најавуваше дека Драган Стојковиќ – Пикси може да добие отказ по неуспехот со Србија и елиминацијата во групната фаза на Европското првенство, но тоа не се случи.

Од Фудбалскиот сојуз на Србија денеска и официјално потврдија дека Пикси ќе продолжи со работа на селекторската позиција.

Тоа значи дека Пикси ќе ја води Србија и во квалификациите за Мундијалот 2026 година, ако успее да донесе пласман, тоа ќе биде трето големо натпреварување на кое Србија игра под негово водство.

Непосредно пред Европското првенство српскиот селектор потпиша нов договор со важност до 2026 година и медиумите во Србија пренесуваа дека за раскина на соработката ФСС би требало да му плати оштета од еден милион евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани