Официјално: Мишел Олис е нов фудбалер на Баерн Минхен

by 24 фудбал
1 минути читање

Германскиот гигант Баерн Минхен новото засилување за крилните позиции.

Најавениот потпис се оствари и Мишел Олис беше промовиран во нов фудбалер на баварците. Француското десно крило стави потпис на петгодишен договор со новиот клуб, а денес ја имаше официјалната презентација и потпис на договорот.

Олис доаѓа од редовите на Кристал Палас за сума од 53 милиони евра. Поради повреда 22-годишникот пропушти дел од минатата сезона, но запиша 19 настапи, даде десет гола и подели шест асистенции.

Освен за Кристал Палас, младиот Олис беше дел од Ридинг, а како младинец настапуваше за Арсенал, Челзи и Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани