Официјално: Мбапе е нов фудбалер на Реал Мадрид!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид со официјално сопшение предмалку точно во 19:30 часот го потврди трансферот на Килијан Мбапе.

Мбапе со Реал Мадрид потпиша договор на пет години и ќе биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на Европското првенство бидејќи во овој момент неговиот фокус е на репрезентацијата на Франција.

Во Мадрид Мбапе пристигнува како слободен играч и ќе добие бонус од 100 милиони евра, а ќе биде и најплатениот играч на Реал Мадрид во историјата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани