Официјално: Марјан Ристовски промовиран во Брера

by 24 фудбал
1 минути читање

Брера Струмица промовира ново засилување за офанзивниот дел од тимот. Откако претходно пристигнаа Антонио Каланоски и Дианеси, сега нов член на струмичани е Марјан Ристовски – Швајц.

27-годишниот напаѓач доаѓа во редовите на Брера по една сезона мината во Вардар. На 29 натпревари во ПМФЛ тој постигна три гола и запиша седум асистенции. Самиот Ристовски нагласи дека е среќен што ќе заигра за струмичкиот прволигач.

Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, кажа Ристовски

Претходно Ристовски има настапувано за Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани