255
Италијанецот Енцо Мареска од денеска и официјално е нов тренер на премиерлигашот Челси.
Мареска на клупата ќе го наследи Маурисио Покетино кој доби отказ откак ово финишот од сезоната не успеа на „сините“ да им обезбеди место во европските натпреварувања.
Во Челси, Мареска доаѓа од Лестер со кој беше прв во Чемпионшип и го врати во англиската елита.
„Секој тренер сонува да биде тренер на голем клуб како Челси. Возбуден сум од дадената шанса. Со нетрпение чекам да започнам со работа со оваа група“, изјави Мареска.