Официјално: Ливерпул го потврди трансферот на Мамардашвили

by riste
1 минути читање

Ливерпул потврди дека постигнале договор со Валенсија за трансфер на голманот Гиорги Мамардашвили, но Грузиецот ќе остане на Местаља на позајмица.

Како што и пишуваа медиумите, Ливерпул го купи Мамардашвили, но една сезона тој ќе остане на позајмица во Валенсија.

„Ливерпул постигна договор за трансфер на Гиорги Мамардашвили, голманот на Валенсија на Енфилд ќе пристигне за сезоната 2025-26“, стои во соопштението на црвените.

Ливерпул за Мамардашвили ќе плати 30 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани