Tренерот на Ливерпул Јирген Клоп заедно со своите сонародници ќе го напушти клубот и во недела ќе им биде последниот натпревар на клупата на гигантот од „Енфилд“.
Нема сомневање дека овој натпревар ќе биде исклучително емотивен за германскиот стратег кој помина девет години на клупата на „црвените“. По заминувањето од Ливерпул Клоп најави дека ќе паузира една година пред новиот ангажман.
Меѓутоа, кога ќе се врати тешко дека ќе ја има помошта од своите најблиски соработници. Првенствено од Пеп Лајндерс.
Лајндерс денес потпиша тригодишен договор со Ред Бул Салзбург и ќе работи во овој клуб, па така тешко е да се верува дека би се вратил со Клоп наредната година. Холанѓанецот во Ливерпул пристигна во 2018 година и ги освои сите можни трофеи со клубот.