106
Италијанскиот фудбалски клуб Џенова официјално е ставен на продажба, пренесуваат медиумите од Апенините.
Оваа вест ја потврди извршниот директор на клубот Андреас Бласкес.
Екипата беше во сопственост на амерканската инвеститорска група „777 Партнерс“ која сега сака да го продаде клубот на нови сопственици.
„777“ во септември 2021 година го купи клубот за околу 150 милиони евра, а сега одлучи да го стави на продажба
Екипата испадна во Серија Б и се врати по една сезона во друштвото на најдобрите. Бласкес ги смири навивачите истакнувајќи дека клупските финансии се уредни и дека структурата сака да го продаде клубот за инвестира во нешто друго.