Фудбалскиот клуб Манчестер Сити го промовира старо-новиот фудбалер, Илкај Гундоган. Со англискиот првак играчот за врска потпиша договор на една година.
Доскорешниот германски репрезентативец мина седум години во редовите на „граѓаните“, а минатото лето се пресели во Барселона. Сепак, по само една сезона тој се враќа во Манчестер и повторно ќе игра под тренерска палка на Пеп Гвардиола.
Во својата кариера Гундоган играше уште за Борусија Дортмунд, Нирнберг и Бохум. Тој ја освои Лигата на шампионите, пет пати беше шампион во Премиер лигата, четири пати го крена трофејот во Карабао Купот, по два во ФА Купот и Комјунити Шилд со Сити. Претходно со Борусија еднаш беше германски првак, еднаш освојувач на Купот, како и двапати Суперкупот.
There he is! 🤩 pic.twitter.com/RTsOyGRNh4
— Manchester City (@ManCity) August 23, 2024