Официјално: Војчех Шчесни повеќе нема да брани за Јувентус

by Стефан
1 минути читање

Полскиот голман Војчех Шчесни во наредната сезона нема да го брани голот на Јувентус.

Преку социјалните мрежи Јувентус, го потврди заминувањето на Шчесни. Ваков развој на настаните можеше и да се очекува бидејќи пристигна Ди Грегорио од Монца кој во минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Серија А.

Покрај Ди Грегорио, тука е и Матија Перин кој ќе биде негова замена. Засега не е познато каде Шчесни ќе продолжи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани