152
Бразилската фудбалска ѕвезда, Вилијан од оваа сезона е член на грчкиот гигант, Олимпијакос.
Вилијан за Олимпијакос потпиша како слободен играч откако му заврши договорот со Фулам.
36-годишниот фудбалер своите најдобри денови ги имаше во Челси за кој играше дури седум сезони, потоа се пресели во Арсенал, настапуваше и за Коринтијанс пред да одигра две години во Фулам.
За бразилската репрезентација има дури 70 настапи.