Официјално: Бремер стави потпис на нов долг договор со Јувентус

by 24 фудбал
1 минути читање

Глеисон Бремер ги израдува навивачите и стави потпис на нов договор со екипата на Јувентус.

Бразилскиот стопер кој во 2022 година пристигна во „старата дама“ од редовите на градскиот ривал Торино, сега ја продолжи соработката до 2029. Во досегашниот договор имаше откупна клаузула од 60 милиони евра, а според најавите на италијанските медиуми истата е зголемена.

27-годишникот ова лето беше поврзуван со доста клубови, еден од најзаинтересираните беше Манчестер Јунајтед, но со овој потег испрати јасна порака.

Бремер за Јувентус во две сезони одигра 83 натпревари откако за 47 милиони евра пристигна од Торино. Освен за торинските клубови Бремер во минатото играше за Атлетико Минеиро и уште неколку клубови како младинец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани