Екипата на Баерн Минхен го промовира своето ново засилување за следната сезона, Хироки Ито.
25-годишниот јапонски дефанзивец пристигна на „Алијанц Арената“ од редовите на Штутгарт. Баерн Минхен ја активира откупната клаузула и за 30 милиони евра го откупи договорот на Ито кој ќе биде опција плус за последната линија во тимот на Винсент Компани. Самиот Ито веднаш го прифати трансферот во Баерн со кој потпиша договор на пет години, односно до јуни 2028.
Ито во Бундеслигата пристигна од Јубило Ивата за само 400.000 евра, па Штутгарт има солидна заработка. Претходно тој мина и платена позајмица во истиот клуб, меѓутоа трансферот не надмина половина милион евра. Освен во Јубило и Штутгарт, во родната Јапонија Ито играше и за Нагоја Грампус.