Официјални состави: Германија со лажна деветка ќе ја брка првата победа на ЕП!

by riste
1 минути читање

Селекторите Јулијан Нагелсман и Стив Кларк ги определија стартните постави со кои ќе го почнат денешниот прв меч на Европското првенство.

Дилемата на Нагелсман беше дали да почне со истурен шпиц како што е Филкруг или тоа да биде офанзива со пониску фудбалери. Се реши за второто.

Во офанзивата ќе играат Вирц, Хаверц и Мусиала, а позади нив ќе бидат Гундоган и Крос кој го почнува своето последно големо натпреварување како фудбалер.

Главните ѕвезди во тимот на Шкотска се Робертсон од Ливерпул и Мектоминеј од Манчестер јунајтед кој имаше фантастични квалификации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани