6
Црна Гора немаше никакви шанси за опстанок во Лига Б, но вечерва ја скрои судбината на Турција и Велс.
Црна Гора до овој натпревар немаше ниту бод оваа сезона од Лигата на нации, но вечерва ја победи Турција со 3-1.
Шоу имаше Крстовиќ кој ги постигна сите три гола за Црногорците, единствениот погодок за Турција го даде Јилдиз.
Оваа победа на Црна Гора, му овозможи на Велс да го освои првото место. Тие со 4-1 славеа над Исланд, но се ќе беше залудно ако Турците ја победеа Црна Гора.
Велс со 12 бода оди директно во Лига А, Турција со 11 бода ќе игра плејоф за во Лига А. Исланд со 7 ќе игра плејоф за опстанок во Лига Б, а Црна Гора со 3 директно испаѓа во Лига Ц.