Jирген Клоп веќе потврди дека ќе продолжи да работи во компанијата „Ред Бул“ како „шеф на сите фудбалски операции“ и ќе соработува со тренерите во сите клубови кои се во сопственост на компанијата.
Денеска новинарот Флоријан Плетенберг пренесува нови детали. Имено, Клоп воопшто нема да се појавува на ниту еден стадион до крајот на сезоната 2024/2025, иако официјално со работа ќе започне на 1 јануари 2025 година.
Имено, Клоп до лето ќе работи во позадина и негов план е да ги посети сите клубови (Лајпциг, Салзбург, Њујорк, Брагантино и Лидс) каде што ќе разговара со тренерите и стручниот штаб и ќе се запознае со нивната филозофија.
Договорот кој го потпиша Клоп е долгогодишен, но не е до 2030 година како што се најавуваше. Платата годишно ќе му изнесува помеѓу 10 и 12 милиони евра.
Исто така од претходно е познато дека во договорот ќе има специјална клазула според која може да замине ако добие понуда да ја води Германија.