Откриена причината: Еве зошто Челси сака да се ослободи од Стерлинг

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот англиски репрезентативец, Рахим Стерлинг и дефинитивно не е во плановите на тренерот Енцо Мареска за новата сезона.

Стерлинг не беше на теренот на отворањето на сезоната во Премиер лигата, додека за плеј-офот во Конференциската лига не се најде ниту во протоколот.

Во редовите на „сините“ Стерлинг пристигна пред две години во трансфер вреден 57 милиони евра, но никогаш не успеа во целост да ги исполни очекувањата. На „Стенфорд Бриџ“ постигна 19 голови на 81 натпревар.

Но, причината поради која Челси сака да го продаде Стерлинг уште веднаш е нешто друго. Според информациите на новинарот на „Скај Спорт“, Кевех Солхекол, Стерлинг во договорот нема клазула според која би му се намалила платата ако Челси не се пласира во Лигата на шампионите.

Во Челси, Стерлинг заработува 1.2 милиони фунти месечно и има договор според кој би останал уште три години. Останатите фудбалери во тимот имаат клазула за намалување на платата ако клубот не игра во елитата, тие клазули се поставени за да се избегнат проблеми со финансискиот фер-плеј поради загубата на финансии со неиграњето во најелитното европско натпреварување.

Засега нема конкретни и сериозни најави каде Стерлинг би продолжил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани