Реал Мадрид наскоро треба да го соопшти ангажманот на Килијан Мбапе, но трансфер плановите на кралскиот клуб се веќе направени и за идната сезона.
Мета на Реал Мадрид за 2025 е германската сензација, 21-годишниот Флоријан Вирц кој важи за најдобар играч на Баер Леверкузен.
Офанзивниот фудбалер оваа сезона на 46 настапи има 18 голови и 19 асистенции и според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 110 милиони евра.
Вирц веќе неколку години важи за еден од најдобрите германски таленти, но оваа сезона експлодираше и го привлече вниманието на сите.
„Марка“ пишува дека Реал Мадрид веќе работи на трансфер на Вирц во 2025 година исто како што работеше и на ангажман на Џуд Белингем и Килијан Мбапе.
Актуелниот договор на Вирц со Леверкузен истекува во јуни 2027 година, па Реал Мадрид скапо ќе го плати ако сака да го види на Бернабеу.