Со пристигнувањето на Луис Енрике на тренерското столче, ПСЖ почна нова филозофија, нова трансфер политика, ангажман на квалитетни засилувања, но не и ѕвезди по кој беше карактеристичен во минатото.
Килијан Мбапе беше последната мега ѕвезда која си замина од ПСЖ, претходно клубот ги имаше Нејмар, Меси, Рамос… веќе нема играчи со таква тежина.
Според влезот во новата сезона од Лига 1, може да се заклучи дека ПСЖ не изгледал никогаш помоќно, покомпактно, подоминантно на теренот, да знае што прави и лесно да го разбие противникот.
На два натпревари тимот на Енрике постигна 10 голови, четири му даде на Ле Авр на негов терен, и вчера шест пред своите навивачи на Монпелје.
Одлично се вклопи и новото засилување, Жоао Невеш кој на два натпревари веќе запиша четири асистенции. Велат дека има многу позитивно влијание и во соблекувалната.
Останува да се види дали ПСЖ ќе има конкуренција во француската Лига 1, во првото коло Марсеј предводен од Де Зерби имаше фантастично издание, па можеби тие ќе им парираат на светците.
Трофеј во Лигата на шампионите останува највисока цел за тимот на ПСЖ, останува да се види дали со новата филозофија може да се оствари овој голем сон.