234
Раководството на Баерн Минхен сега ја разгледува можноста да го остави Томас Тухел да биде тренер и во наредната сезона.
Алонсо, Нагелсман, Рангник и Гласнер се дел од тренерите кои го одбија Баерн Минхен, раководството на клубот има сѐ помалку добри опции, па наводно се поизвесна е одлуката да го замолат Тухел да остане.
Во прилог на тоа е фактот што неколку фудбалери на Баерн му дале поддршка на Тухел и збореле со клупските челници во полза на германскиот стратег.
Нејасно е дали Тухел ќе прифати да остане тренер откако веќе еднаш се договори за разделба, но раководството на Баерн во моментов ја стопирало потрагата по нов тренер.