Откако го убеди Калафиори, Арсенал почна преговори со Болоња!

by riste
0 минути читање

Арсенал се чини дека ќе ја добие битката со Челси за потписот на дефанзивецот Рикардо Калафиори.

Италијанскиот дефанзивец кој има 22 години, но импресионира со својата сигурност, е на добар пат да се пресели во Арсенал.

Тој одговори позитивно на проектот на Арсенал и даде зелено светло да почнат преговорите меѓу двата клуба.

Арсенал и Болоња денеска ги почнале преговорите кои се очекува да завршат со позитивен исход.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани