Македонскиот шампион Струга Трим Љум загуби на гостувањето кај Слован во Братислава во првото претколо на Лигата на шампионите со 4-2. Иако имаа светли моменти, стружани капитулираа пред поискусниот и поквалитетен противник. На прес-конференцијата својот став го изнесе тренерот Ќатип Османи.
„Во првото полувреме Слован ги искористи нашите невниманија и ни даде два гола. Во вториот дел бргу се вративме, мислам дека имавме игра на високо ниво. Во 85 минута го примивме третиот гол по индивидуална грешка, а тогаш падна концентрацијата и загубивме со два разлика во натпревар кој претходно го контролиравме. Уште сме оптимисти. Мислам дека резултатот 4-2 не е недостижен и ќе дадеме максимум за да го надополниме резултатот. Пред нас е квалитетен и силен ривал кој има одлични индивидуалци. Сепак, ние нема да се откажеме. Веруваме дека покажавме сила и квалитет, а тоа дава надеж за добар резултат и пласман понатаму“, смета Османи.
Се обрати и капитенот на стружани, искусниот офанзивец Буњамин Шабани, кој кажа:
„Жал ми е за овој пораз. Покажавме навистина добра игра, особено во второто полувреме и со тоа израмнивме. Кога мислевме дека сме близу до нерешено, моменти на невнимание доведоа до два гола во нашата мрежа. Мислам дека научивме многу од ова искуство и верувам дека ќе се најдеме подобро во ревашот“.
Струга ќе ја дочека екипата на Слован Братислава во Охрид, следната среда во терминот од 17:00.