170
Виктор Осимен има џентлменски договор со Наполи да го напушти клубот ова лето, но за тоа да се случи некој треба да ја плати откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра.
Помина еден месец од почетокот на преодниот рок, но во канцеларијата на Наполи нема стигнато ниту една понуда за Осимен.
Фудбалерот се надева дека ќе дојде купувач за него, но и клубот сака тоа да се случи колку што е можно побрзо со цел да ги искористи парите во други трансфер цели.
Не се исклучува можноста цената да биде намалена доколку никој не сака да плати 120 милиони евра.