173
Наполи денеска игра против Модена меч од Купот на Италија, тоа е нивниот прв официјален натпревар оваа сезона, а Виктор Осимен не е ниту на клупата за резерви.
„Осимен побара да го напушти клубот. Тој сака да замине. Ситуацијата е јасна, веќе имаше шанси да си оди минатото лето. Виктор сака да си оди. Ќе видиме што ќе се случи во наредните 20 денови“, рече директорот на Наполи, Мана.
ПСЖ, Арсенал и Челси се поврзуваат со Осимен, но засега никој не ја нуди високата сума која ја бара Наполи.