Осимен има толку големи барања за плата, што не може да се договори и со Саудијците

by riste
1 минути читање

Многу работи во летниот преоден рок на Наполи зависат од продажбата на Виктор Осимен, Наполитанците се обидуваат да го продадат, но ниту еден клуб не може да ги договори неговите лични услови.

Прво падна договор со Челси, но сините се откажаа кога слушнаа колку голема плата бара Осимен.

Последните информации велат дека Наполи постигнал договор и со Ал Ахли кој се сложил на италијанскиот клуб да му плати 65 милиони евра за нигерискиот напаѓач.

Но, нема договор меѓу Ал Ахли и Осимен, и овојпат фудбалерот бара плата која дури ни Саудијците не ја нудат иако се прилично дарежливи.

Остануваат уште малку денови од преодниот рок, па доколку Осимен сака да игра фудбал надвор од Наполи, ќе мора да ги прилагоди своите барања на она што му го нудат клубовите, а тоа сигурно не е малку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани