252
Дани Олмо потврди дека има откупна клаузула во неговиот договор со Лајпциг, тој е подготвен да го напушти германскиот клуб.
Шпанскиот фудбалер игра фантастично на Европското првенство и е во центарот на вниманието.
Откупната клаузула во договорот на Олмо првично траеше до 15. јули, но со пласманот во финалето таа автоматски се продолжи на 20. јули.
„Клаузула до 20. јули? Да, ако клубови ме сакаат, знаат што може да направат“, вели Олмо.
„Има време до 20. јули за клаузулата во спротивно преговорите ќе бидат тешки“.
„Под договор сум со Лајпциг и сакам да освојувам титули“.
Откупната клаузула на Олмо е околу 60 милиони евра.