Вечерва покрај Лигата на Европа се играа и полуфинални натпревари од Конференциската лига каде што стрелците беа и тоа како расположени, па на два натпревари беа постигнати дури 11 погодоци.
Во Англија Астон Вила го пречека грчки Олимпијакос кој успеа да гостински терен да слави голема победа од 2:4. Резултатот беше отворен по само 16 минути игра кога Ел Каби стрелаше во мрежата на домаќините. Веќе по половина час игра истиот играч и вторпат се запиша во листата на стрелци.
Астон Вила успеа да ја намали негативата пред крајот на првиот дел кога Воткинс постигна погодок. Диаби по седум минути игра во вториот дел донесе и изедначување.
Сепак, Олимпијакос не се откажа и Ел Каби во 56. минута го постигна третиот гол на средбата за ново водство на грчкиот тим. Конечни 2:4 беа поставени во 67. мнута.
Интересно беше и во Италија каде што Фиорентина со гол во завршницата успеа да го победи Клуб Бриж со 3:2. Скоти, Белоти и Нзола во 91. минута беа стрелци за Фиорентина, додека за гостинскиот состав погодуваа Ванакен и Тиаго