Фудбалската репрезентација на Украина успеа да слави во мечот со Мароко (2-1) во рамките на второто коло на Олимписките игри.
Во првото коло Мароканците го преживеаја долгото судиско надополнување, меѓутоа овојпат немаа „сили“ за такво нешто и капитулираа пред Украинците.
Со голот на Крискив европската селекција поведе по 22 минути игра и водеше на полувремето. Во второто лоши вести за Украина донесе црвениот картон на Салиук. Тој направи пенал кој Рахими го искористи и го претвори во гол за 1-1 во 64. минута.
Иако со човек помалку и во подредена улога, на крајот украинските фудбалери успеаја херојски да победат. Славјето на Украина ѝ го донесе Игор Краснопир кој во осмата дополнителна минута погоди за предност и триумф.
Во овој термин селекцијата на Египет го совлада Узбекистан со 0-1.