ОИ: Прва победа за Аргентинците, Шпанија се „чекира“ во четвртфинале

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот турнир на Олимписките игри понуди две возбудливи средби во првиот саботен термин со по четири гола

Селекцијата на Аргентина дојде до првата победа, откако со 3-1 ја совлада репрезентацијата на Ирак. По стартниот пораз на турнирот, Аргентинците дојдоа до триумф и се вратија во игра за нокаут фазата. Тиаго Алмада го отвори резултатот, а Хусеин пред полувремето израмни. Сепак, поквалитетната репрезентација дојде до победата со погодоците на Гонду и Фернандез во вториот дел.

Пласманот во четвртфиналето го завери Шпанија, откако ја победи Доминиканска Република со 1-3 (1-1). Фермин Лопез беше човекот кој го отвори резултатот, а Монтес де Оца израмни. Сепак, Доминиканците останаа со човек помалку за второто полувреме, а Шпанците тоа го казнија. Со головите нБаена и Гутиерез тие си обезбедија триумф и четвртфинале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани