Фудбалерите на Франција се радуваа на победа во второто коло на Олимписките игри против Гвинеја со минимални 1-0. Пресметката на „Алијанц Ривиера“ во Ница понуди два поништени погодоци во првиот дел, а потоа Французите дадоа победоносен гол во финишот.
Во финишот на првото полувреме Гвинејците постигнаа два гола преку Кеита и Туре, меѓутоа ВАР собата ги поништи поради недозволени позиции. По доста борба, Франција ја обезбеди победата со голот на Силдилиа во 75. минута кој стрела по асистенција на Олисе.
Претходно во групата А победа запиша и САД, совладувајќи го Нов Зеланд со 1-4 (0-3). Со головите на Михаиловиќ, Зимерман, Бусио и Аарсон американските фудбалери дојдоа до висока предност, а Рендал го намали поразот.
Триумф запиша и селекцијата на Парагвај против Израел (2-4), додека Јапонија беше минимално подобра од Мали (1-0).