Фудбалерите на Мароко беа на прагод да приредат изненадување, но Аргентина во последните секунди извлече реми (2-2) на стартот на Олимпискиот фудбалски турнир во Франција.
Храбрата селекција од Африка одигра перфектен натпревар, долго време беше подобар ривал и заслужено победи. Двоен стрелец за Мароканците беше Софијан Рахими кој стрела во 47 минута од првиот и 51 од вториот дел.
За Аргентинците единствениот погодок го даде Џулиано Симеоне, а иако фаворитот се обиде да дојде до егал – не успеа. Судиите дадоа и лудо продолжување од 15 минути, а израмнувачкиот гол падна во 90+6 минути преку Медина.
Фаворитската улога ја оправда олимписката селекција на Шпанија, победувајќи го Узбекистан со 1-2. Стрелци за „црвената фурија“ беа Марк Пубил и Серхио Гомез, додека за Узбекистанците погоди најдобриот играч Елдор Шомуродов.