Екипата на Шкендија ќе се судри со ерменска Ноа во првото коло од квалификациите за УЕФА Конференциската лига. Македонскиот претставник е далеку поисусен во европските натпреварувања од противникот кој дебитира. Сепак, тоа не е причина за опуштање, а токму тоа го нагласија и претставниците на Шкендија на прес-конференцијата.
„Пред нас е многу силен противник, многу квалитетен тим, кој има и добри индивидуални играчи, кои знаат да го свртат натпреварот во своја полза, но ние нема да се откажеме ова. Веруваме дека покажавме сила и квалитет што ни дава надеж за резултат за следното коло. Имаме доволно информации за ерменскиот фудбал, бидејќи Шкендија неколку пати се соочила со ерменски екипи. Исто така игравме и против репрезентацијата на Ерменија. Конкретно сме фокусирани на тимот на Ноа и имаме максимална почит за ерменскиот фудбал. Ноа има многу нови фудбалери и не е лесно да се направи прецизна анализа. Сепак, ние сме екипа која игра успешно во Европа во последните десет години и имаме должност да го одиграме најдобриот можен натпревар. Што се однесува до составот, имавме проблем со Камер Ќака, капитенот Енур Тотрен прележа вирус и веќе се врати на тренинзите, па ќе видиме како ќе се чувствува пред натпреварот. На последниот тренинг се повреди Зија Мерџан, но се надеваме дека ќе биде подготвен до почетокот на натпреварот“, изјави тренерот Јетон Беќири.
Освен тренерот на тетовчани, се обрати и капитенот Енур Тотре кој нагласи:
„Пред неколку години одигравме неколку натпревари со екипи од Ерменија. Тоа не значи дека добро го познаваме ерменскиот фудбал, но сме се соочиле со тимови од оваа земја. Она што го знаеме за тимот на Ноа е дека првпат игра во Европа. Го анализиравме и веруваме дека ќе се вратиме со позитивен резултат. Имаме повеќе информации за Ералд Чинари, кој ми беше соиграч и добро го познавам“.
Натпреварот меѓу Ноа и Шкендија се игра во Ерменија во терминот од 18:00 попладнево.