Од понеделник ќе се продаваат билети за мечот меѓу Македонија и Ерменија

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе се судри со Ерменија во рамките на новото издание на Лигата на нациите. Пресметката во Скопје, на националната арена „Тодор Проески“ се игра на 10 септември, а ФФМ објави дека билетите за натпреварот ќе почнат да се продаваат од понеделник (2 септември).

Цените на билетите веќе беа познати, ќе бидат по 200 за источната и западната трибина, како и 400 за јужната и северната трибина. Исто така ќе се продаваат и ВИП билети по 1500 денари. Продажбата ќе се организира преку мрежата на „MKTickets“, само со физичко присуство.

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА  (Национална арена „Тодор Проески“, 10. септември, 20:45 часот)

Цени на билети:  
Северна трибина – 400 денари;
Јужна трибина – 400 денари;
Западна трибина – 200 денари;
Источна трибина – 200 денари;

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварот, 10. септември од 10:00 часот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани