Српските медиуми најавуваат нов пресврт во случајот на Миле Свилар. Овој млад голман сезонава блеска меѓу стативите на Рома и со тоа му направи главоболки на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.
Имено, Свилар кој има настапи за младинските селекции на Белгија, а како сениор бранеше на пријателски натпревар за Србија, се реши дека сака да се врати на голот на Белгијците. Сепак, УЕФА и ФИФА го одбија неговото барање и тој остана во проблем, бидејќи веќе јавно откри дека не сака да брани за Србите.
Сепак, откако стана јасно дека Свилар нема да брани за Белгија, а пружа партии какви што пружа – се најавува пресврт. Имено, селекторот Пикси е подготвен да го заборави минатото и ќе му упати покана за настап за Србија на Европското првенство.
Останува да се види разврската на ситуацијата, а тоа ќе биде познато набргу кога Србите ќе го објават официјалниот список.