Со дури десет погодоци во два натпревари започна новата сезона во Лига Европа, а видовме и изненадување во кое Бодо Глимт го совлада Порто со 3:2.
Порто и прв дојде до водство со погодокот на Омордион во осмата минута, сепак Хог го изедначи резултат веќе во 15. минута. Пред крајот на првиот дел Хауге се погрижи за целосен пресврт.
Со предност од 2:1 домаќинот замина на паузата. На стартот од вториот дел Бодо остана со играч помалку бидејќи беше исклучен Мата. Но и во таква ситуација успеаа да постигна гол за 3:1, а одново стрелец беше Хауге.
Порто со играч повеќе на теренот успеа само да го ублажи поразот со голот на Гуи во завршницата за конечни 3:2.
Со истиот резултат заврши и средбата помеѓу АЗ Алкмар и Елфсборг (3:2).
И тука гостите први дојдоа до предност со Оума во 23. минута. Ван Бомел во 44. минута донесе изедначување. По пет минути игра во вториот дел Вам Бомел постигна и втор гол за предност од 2:1.
Три минути по голот на Ван Бомел, Хеднлунд носи изедначување. Конечните 3:2 ги постави Парот на 15-тина минути до крајот со гол од пенал.