Одигра одлично против Србија на ЕП, па направи трансфер во Црвена Звезда

by 24 фудбал
1 минути читање

Српскиот првак Црвена Звезда за следната сезона промовира уште едно големо засилување, овојпат за централниот дел од средниот ред.

Нов член на „црвено-белите“ од Белград е Тими Макс Елшник. Станува збор за репрезентативецот на Словенија кој доаѓа од редовите на словенечка Олимпија.

Елшник со Црвена Звезда потпиша договор во важност на четири години, а го задолжи дресот со број 21. Тој зад себе има одлично Европско првенство на кое беше стандарден во репрезентацијата на Словенија.

Инаку, Елшник кој има 26 години уште во 2015 година од Алуминиј замина во редовите на англиски Дерби. Тој беше дел од младинската екипа на овој клуб, беше позајмуван во Свиндон, Манфилд и Нортхамптон, а во 2020 година се врати во родната земја и оттогаш со успех го носеше дресот на Олимпија Љубљана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани