135
Два дена по натпреварот од Втората македонска лига меѓу Новаци и Македонија Ѓорче Петров кој заврши со нерешени 0-0, дојде до промена на резултатот.
Комисијата за натпревари мораше да го регистрира мечот во Новаци со службена победа од 3-0 за домашната екипа. Причината за таквата одлука е прекршување на правилото за младински фудбалери кое е на сила во ВМФЛ од страна на гостинот од Скопје.
Така, поради грешка при менување на фудбалери, Македонија Ѓорче Петров го загуби освоениот бод. Во моментов „лавовите“ имаат 10 бода и се четвртопласирани, а Новаци дојде на девет и е три позиции подолу.