286
Долга ќе биде оваа ноќ во Кавадарци, градот на виното ќе го слави првиот куп трофеј во 94-годишната историја на клубот.
Дека сигурно ќе има големо славје, најави и стрелецот голот од слободен удар во вечерашното финале, Кристијан Стојкоски (ТУКА).
„Големо доживување ќе биде ова во Кавадарци. Вакво нешто градот чекаше скоро 100 години. Играв четири финалиња, навистина сакав да победиме и да дадам гол. Нека гори Кавадарци, вечерва ќе се слави. Имаме квалитетен тим и се надеваме на уште успеси и во иднина“, изјави Стојкоски.