Од вчера се познати паровите за полуфиналето на Европското првенство и во нив Англија ќе игра против Холандија, додека Шпанија ќе се соочи со Франција.
Иако првенството започна ефикасно и во првите натпревари гледавме многу голови, сепак тоа не е случај во нокаут фазата.
Многумина се разочарани од фудбалот кој го прикажуваат репрезентациите во нокаут фазата. Еден од нив е и италијанскиот новинар Карло Гарганесе. По вчерашните четвртфинални средби, тој не го криеше незадоволството од она што го гледа на првенството.
„Европското првенство 2024 година е најлошото по квалитет од сите Европски и Светски првенства во мојот живот. Сите репрезентации освен Шпанија и Германија беа здодевни за гледање. Каде се суперѕвездите, напаѓачите, дриблерите? Фудбалот е во голем пад во последните 20 години. Играчите стануваат работи, работат само на физичката спрменост и тоа е тоа“, пишува Гарганесе
Натпреварите од полуфиналето на програмата се во вторник (Шпанија – Франција) и среда (Англија – Холандија).